Свечено доделување на сертификати на втората генрација на Академијата за Извршни менаџери

Со задоволство ја споделуваме веста дека втората генерација на Академијата за Извршни менаџери успешно го заврши своето патување и сега дојде време да ги прославиме нивните достигнувања, раст и трансформација! Во изминатите 9 месеци, учесниците беа во трансформативно учење кое ги усоврши нивните лидерски вештини, ги прошири нивните хоризонти и го збогати нивниот професионален живот.

За да го одбележиме ова достигнување, тимот на Прогресив Академија органзиираше свечено доделување на сертифиакти на учесниците од втората генерација на Академијата за Извршни менџери. Срдечни честитки до сите учесници кои работеа неуморно, покажаа непоколеблива посветеност и ја постигнаа оваа извонредна пресвртница во својата кариера.

Знаењата и вештините стекнати за време Академијата ќе им овозможат на нашите учесници да направат позитивна промена во нивните организации, компании и прераснат во вистински извршни менаџери.

На свеченото доделување на сертификатите, свое обраќање имаше Генералниот директор на Макпрогрес, г-дин Глигор Цветанов Извршната директорка на Прогресив Академија, Александра Кирилова, Билјана Марковиќ Стаменова, Програмски директор на Академиајта за Извршни менаџери и Тања Малчев, претставник на втората генерација на учесници.

Уписите за третата генерација се веќе во тек, групата е речиси пополнета и остануваат уште неколку места. Сите заинтерасирани може да прочитаат повеќе за првата сертифицирана програма за Извршни менаџери на следниот линк https://www.progressive.org.mk/opis-na-programata/ 

Апликација за пријавување: https://bit.ly/3PMIxvf