Успешно заврши обуката за специјалисти за кондиторско пекарство при Винчини Академија

“Кога знаењето ќе го поткрепите и со практична работа, го добивате најсилното оружје, со кое може да го смените светот”!
Ова се потврди преку успешно завршената обука за специјалисти по кондиторско пекарство на првата група учесници од оваа програма на Винчини Академијата
.

Обуката за специјалисти за кондиторско пекарство е обука која има за цел слушателите на оваа обука да добијат подлабоки знаења за кондиторското пекарство. Специјалистите за кондиторско пекарство  ја совладаа суштината на сите состојки кои се применуваат во кондиторското пекарство, ги осознаа деталите за различите видови теста покрај теориски и преку практични замеси, се запознаа со преливите, филовите и посипите во кондиторската индустрија, теориски и практично. Подетално слушнаa за основите на контролата на квалитет и сензорната анализа, а практично работеа на развој на нови производи во пилот постројката на  Академијата каде може да ја покажат својата креативност. Секој од слушателите на обуката имаше можност во времетраење од 4 часа да го набљудува било кое работно место во склоп на компанијата со цел детално познавање на работењето на компанијата и од аспект на друга работна позиција. После положениот испитен тест, на секој вработен му беше врачен сертификат за завршена обука.

Честитки на сите учесници кои се дел од Винчини Академијата.