Проф. Д-р. Билјана Ангелова е редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и има повеќе од 30 години консултантско искуство во корпоративниот развој и истражување, особено во делот на финансии. Во период од 2009-2016 година беше директор на Институтот за економии, а од 2016 година е Про-Ректор за финансии, инвестиции и развој на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Бидејќи учествувала активно во истражувачки и апликативни проекти, Билјана Ангелова има големо искуство во секторот на додипломски, постдипломски и докторски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј; 2011-2015 година беше раководител на Докторски студии за менаџмент на УКИМ, а од 2016 година до денес е независен член на Надзорниот одбор на АД Халк банка.