Сашо Трипуновски има 20 години меѓународно искуство на извршни позиции и консултантски услуги во корпоративен и приватен капитал со експертиза во развој и деловно работење, управување со проекти, преструктуирање и оптимизација на трошоците, корпоративно управување и тендери. Тој има разновидно искуство стекнато во компании како Хајнекен, Анхајзер Буш Инбев и Џонсон Контролс Аутомотив. Сашо има завршен Електротехнички факултет и МБА на Универзитетот Шефилд.
Сашо Трипуновски го води Модул 2 – Менаџмент со промени во програмата на Менаџмент Академијата. Прочитајте повеќе за модулот ТУКА.